Аматерскиот палеонтолог Кери Рис пронајде стапалки од ран предок на диносаурусите, стари повеќе од 200 милиони години. Тој ги откри на плажа во Пенарт во округот Вале на Гламорган, Јужен Велс во Велика Британија во 2020 година. Според палеонтолозите од Природонаучниот музеј во Лондон, се работи за траги кои најверојатно ги оставил или раниот сауропод или просауропод кој му претходел.
Тие се документирани за идно проучување со помош на 3Д техниката и ќе останат на брегот додека плимата не ги еродира, а наодите од откритието во Пенарт, Јужен Велс, се објавени во Geological Magazine.
Д-р Сузана Меидмент и професорот Пол Барет кои спроведоа истражување, веруваат дека пронашле траги од роднини на диносауруси од раниот тријаски период, првиот мезозојски период.
Д-р Меидмент објасни дека често добиваат извештаи за откривање на траги од изумрени суштества, но овие траги лесно се мешаат со геолошки формации. Тој додава дека овој пат имале среќа, бидејќи откриле дека навистина се работи за траги од животинско потекло, па дури и со голема веројатност утврдиле за кој вид станува збор.
Се верува дека трагите ги оставил еосауропот, не станува збор за диносаурус, туку за вид на трага што ја оставил многу ран сауропод или негов близок роднина.
„Знаеме дека раните сауроподи живееле во Британија во тоа време, бидејќи коските од родот Camelottia, многу ран сауропод, биле пронајдени во карпите во Сомерсет и датираат од тој период“, објаснува тој.
Трагите од диносаурусите можат да бидат богат извор на информации за однесувањето и можат да покажат движење во стадата и да дадат информации за начинот на кој што животното одело.
„Овие типови на индиции не се многу вообичаени во светот и затоа веруваме дека тоа е интересен придонес кон нашето знаење за Тријасот во Британија“, вели проф. Барет.