(Фото) Глумецот Џош Думел се сврши со Мис Америка на нејзиниот роденден

Холивудскиот глумец Џош Думел (49) ја побара за жена Одра Мари, Мис Америка од 2016 година. Тој објави слика на Инстаграм и откри дека ја запросил на плажа, со порака во шише. Џош и Одра се свршија на нејзиниот 28 роденден. Одра беше Мис Северна Дакота во 2014 година, а потоа ја претставуваше Америка и на изборот за Мис на светот во 2016 година.

„Таа ја најде пораката во шише кое беше исфрлено на брегот и рече да“, напиша актерот на сликата на која тој држи стуткана хартија на која пишува: „Одра Дајан Мари дали ќе се омажиш за мене?“

Ова ќе биде втор брак на Думел, кој претходно беше оженет со пејачката Ферги. Тие го имаат синот Аксл (8).

Џош и Одра ја потврдија својата романса во октомври 2019 година. Неколку месеци претходно американските медиуми пишуваа дека се во љубов, но тие не реагираа на гласините сè до моментот додека во јавноста не се појавија слики како се бакнуваат на аеродром во Торонто.

Еден месец подоцна, Џош се разведе и официјално од Ферги, иако пејачката ги поднела документите претходно истата година. Ферги и Думел објавија дека се разделуваат во септември 2017 година, по осум години брак.

 

 

Scroll to Top