Познатиот бугарски бенд „Куку бенд“ му посвети песна на Новак Ѓоковиќ и неговата борба со австралиските власти.
Тие на бугарската телевизија 7/8 во знак на поддршка на светскиот тенисер, ја испејаа песната „Форхенд, бекхенд“, која всушност е преработка на познатиот хит на Лепа Брена, „Луда за тобом“.
Песната за кратко време стана хит на социјалните мрежи. Ова се стиховите: „Австралија пуста да остане, коронавирус цела да ја фане.. Не давате на Ѓоковиќа виза и го затвориха во хотел“, е само дел од песната.