Членовите на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид трета година по ред запалија василичарски оган во водите на Охридското Езеро. Тие на свој начин на православните христијани им ги честитаа Стара нова година и Василица, но и претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован Крстител.
Нуркачите од клубот „Амфора“ се познати и по тоа што секоја година кај музејот на вода китат елка на дното на Охридското Езеро за Нова година.