На Џон Малкович му забранија да престојува во хотел во Венеција затоа што немал потврда дека е вакциниран

На познатиот глумец Џон Малкович му е забранет престој во луксузниот хотел „Даниели“ во Венеција поради истечената зелена потврда Super Green Pass. Оваа потврда им е даваа на лицата кои биле вакцинирани или прележале Ковид 19.

Откако на Малкович му бил забранет влез во хотелот во Венеција, тој преноќил во приватна резиденција. Во Италија во моментов на сила е законот кој им дозволува само на оние кои имаат доказ дека се целосно вакцинирани или преболеле Ковид, можат да имаат пристап до јавни простори. Тука се вбројуваат хотели, ресторани, барови и јавниот превоз.

Италијанските медиуми пренесоа дека Малкович стигнал во Венеција за снимањето на американската телевизиска среија Ripley. Тој неодамна беше и во посета на Хрватска каде зборуваше за неговото потекло од таму и откри убави спомени кои го врзуваат за оваа земја.

 

 

Scroll to Top