Домашни мини погачи со сирење

Потребни состојки:

За тесто:

800 гр брашно
400 мл млеко
50 гр свеж квасец
70 гр путер
2 јајца
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер

За фил:
250 гр сирење
1 жолчка
прстофат сол
70 гр путер за премачкување

За премачкување:
1 белка
сусам и семки од сончоглед

Начин на подготовка:

Млекото затоплете го млако. Во него ставете ги путерот, шеќерот и квасецот. Во брашното додадете ја солта и јајцата. Со млекото и растворените состојки во него, замесете средно меко тесто и оставете го да стаса. За филот изрендајте го сирењето и во него разматете ја жолчката. Сол ставете по желба. Откако тестото ќе стаса поделете го на повеќе топки. Го делите на онолку топки колку што сакате погачи да имате. Секоја топка развлечете ја со сукало овално, премачкајте ја со путер и со фил, па пресечете по должина на 1 см растојание, ама не до крај. Виткајте ја погачата, од долниот дел и дијагонално, па завиткајте ја во круг. Мини погачите ставете ги во намаслена тава или врз хартија за печење. Секоја погача премачкајте ја со белка и посипете сусам и семки од сончоглед. Печете во загреана рерна на 200 степени.

 

Scroll to Top