Слеп патник пронајден жив меѓу тркалата на авионот кој летал од Јужна Африка до Амстердам

Холандската полиција објави дека пронашла слеп патник меѓу тркалата на авионот кој пристигнал неодамна на аеродромот во Амстердам од Јужна Африка. Летот од Јоханесбург до Амстердам трае  речиси 11 часа, а товарниот авион само еднаш попатно застанал во Кенија.

Според полицијата, ова е многу невообичаено.Велат дека  особено е чудно што на ваков начин успеал да се преживее патникот и вака долг лет, особено заради студот, но и ниското ниво на кислород на големите височини.

„Возраста и националноста на патникот не се утврдени. Тој е пронајден во просторот за тркала и во болница е превезен во стабилна состојба. Неверојатно е како тој човек е сè уште жив“, рече портпаролката на холандската  полиција, Јоана Хелмондс.

Авиопревозникот „Карголукс“ исто така го потврди случајот. Од таму велат дека авионот попатно слетал во Кенија. Засега е нејасно дали мажот се качил во Јоханесбург или во Најроби.

Фото: ДПА

Scroll to Top