(Видео) Голи снимки од судијка се појавија на интернет, таа рече дека ѝ бил хакиран телефонот

Неколку голи фотографии и видеа од италијанската фудбалска судијка Дијана Ди Мео се појавија на интернет. Таа тврди дека ѝ биле украдени откако претходно ѝ го хакирале телефонот.

„Две недели страдање, но сега дишам. Не знам кој ги шири моите приватни видеа, мислам дека ми е хакиран мобилниот. Мислам дека ја искористија виртуелната меморија на мојот мобилен за да стигнат до материјалот и да заврши на OnlyFans. Можеби некаде сум го оставила мобилниот без надзор, што беше доволно некој да ми го претвори животот во пекол. Знам дека луѓето кои ја шират таа содржина на некој начин се збогатуваат. Некој исто така шири апсурдни гласини за мене на Инстаграм и Фејсбук. Поднесов жалба и би сакала да ги погледнам овие луѓе во очи. Јас сум жртва на криминал. Нема да се откажам додека не се најдат и казнат оние кои го направија сето ова“, рече Дијана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Di Meo (@dianadimeo_)

Scroll to Top