(Фото) Жената во која удри Шварценгер вели дека го обожава актерот, а оттогаш тој е само на велосипед

Хабиба Муминова, жената која беше повредена во сообраќајката која во петокот ја предизвика Арнолд Шварценгер, вели дека го обожава актерот. Таа рече дека не можела да поверува кога го видела и мислела дека халуцинира.

Муминова се здобила со тешки повреди и веднаш била префрлена во болница, а по неколку дена откри како ѝ е и зборуваше за немилиот настан.

„Тој е еден од моите најомилени актери. Бог да го благослави“, рече Хабиб, која призна дека тоа не бил идеален начин да го запознае својот филмки идол.

Кога се случила несреќата таа одела на работа. Возела пациент кој имал закажан преглед кај доктор. Оддеднаш пред неа се појавил џипот на Шварценегер, кој го смачкал предниот дел од нејзиниот автомобил.

„Ударот беше толку силен, што мислев дека ми е скршен ‘рбетот“, рече Муминова.

Од ударот џипот на актерот ѝ ја блокирал вратата па морала да излезе низ совозачкото место. Случајни минувачи ѝ понудиле да ја однесат во болница, но таа ја почекала итната помош и полицијата.

Вели дека сè уште чувствува болки во ‘рбетот и рамењата, но најмногу ја загрижува работата, затоа што возилото со кое го носела пациентот било целото уништено. Хабиб рече дека се слушнала и со адвокат за совет.

Шварценегер по несреќата повеќе не вози автомобил. Тој сега низ Санта Моника е само на велосипед. За потсетување, актерот минатата недела по ручекот со неговиот син Патрик, предизвикал сообраќајка со неговиот Yukon SUV. Тој прво удрил во црвен Prius.

Неговото возило почнало да се тркала и завршило на кровот на црвениот Prius, а потоа се судрил и со друг автомобил марка Porsche Cayenne.

„Изгледаше како сцена од филм. Ударот беше толку силен што дури и воздушните перничиња му се активираа“, рече еден од сведоците. Друг, пак, додаде дека Арнолд свртел погрешно во спротивна наскоа кога дошло до сударот.

Од полицијата велат дека виновен е Шварценгер и објаснија дека актерот свртел лево додека стрелката на знакот сè уште светела црвено.

„Жената која го возеше Prius беше повредена. Силно крвавеше од главата. Ни беше речено дека итната помош одма ја однеле во болница“, рекоа некои од сведоците кои во саботата се најдоа на местото на несреќата.

„Арнолд беше добро, но беше вознемирен. Тој беше загрижен за жената и рече дека сака да ја посети“, додадоа тие. Пет минути пред несреќата тој бил на вечера со синот Патрик.

(Фото) Арнолд Шварценгер поминал на црвено и предизвикал сообраќајка, тешко повредената жена била веднаш однесена во болница

Scroll to Top