Арсим Папранику, првиот човек на „Ист гејт мол“, на својот инстаграм-профил објави видео со кое го најавува доаѓање на познатиот светски бренд што сите долго го очекуваме. На него се гледа дека на просторот наменет за овој бренд стои натпис дека H&M ќе почне со работа во 2022 година.
Веста ја потврдуваат и од компанијата, каде што на официјалната страница е најавено дека во текот на 2022 годината H&M планира да отвори свои продавници на пазарите во Еквадор, Косово и во Македонија.
View this post on Instagram
Компанијата во моментот има вкупно 4.801 продавница во светот. H&M Group е семејство на брендови и бизниси, што им овозможува на клиентите да се изразат преку модата и дизајнот и да изберат поодржлив начин на живеење.
Во моментот во портфолиото на East Gate има повеќе од 220 продавници, кои претставуваат повеќе од 350 брена. Трговскиот центар нуди шопинг и забава на 160.000 m2.