Две момчиња успеаа да ја спасат оумнаесетгодишната Ирина Јерпулова од пожарот во нејзиниот стан во зграда во Чернатово во Москва. Станот на девојката кој се наоѓал на деветиот кат се запалил, а момчињата го ризикувале својот живот за да ја спасат, пишуваат медиумите.
Немале време да користат јажиња.
Едниот од нив бил момчето на Ирина, 20 годишниот Тимур Закиров и неговиот пријател Адел Ахметзјанов. Тие биле со неа во моментот кога избил пожарот во станот. Веднаш одлучиле да излезат низ прозорот и да го разбудат соседот под нив.
„Се спуштивме низ прозорот, до станот под нас и почнавме да удираме во прозорот со нозете. Фала му на господ што соседот беше дома. Да не беше тој не знам што ќе се случеше“, рече Адел и додаде дека Тимур висел со едната рака, а со другата се држел за прозорот и тоа само со неколку прсти. Тој рече дека немале друга опција.
„Со десната рака цврсто се држев за даската од прозорот, а со левата му помогнав на Адел. Мислев дека ќе моравме да скокнеме. Се чинеше дека тоа е подобро отколку да останеме и да изгориме внатре“, рече Тимор.
Проблемите за нив почнале кога требало да ја спуштат Ирина. Девојката се испаничила и мислела дека ќе падне од 27 метри височина.
„Се колебав се додека Тимур не почна да вика на мене и да ме вразуми“, рече Ирина и додаде дека двајцата успеале да ја спасат. Дури откако се спасиле сватиле низ што поминале.
„Бев вчудоневиден. Не можев да сватам како успеавме да се најдеме на деветиот кат. Сега сваќам дека секој погрешен потег можеше да биде фатален за нас. Стравот ни дојде дури отпосле“, рече едно од момчињата.
Ирина која е студентка по новинарство се здобила со мали исеченици, гребаници и труење со јаглед-моноксид, но, не ѝ било потребно болничко лечење, за разлика од Тимур кој пак се здобил со поериозни изгореници и морал да остане во болница.
Со нив бил уште едно момче Игор Гаранкин кој се здобил со 34% изгореници, но тој успеал да побегне уште на почетокот пред да избие пламенот низ вратата. Надлежните претпоставуваат дека краток спој бил причината за избивање на пожарот.