Руската православна црква бара да им се забрани да работат секс шоповите. Ова го рече рускиот митрополит Иларион на руската телевизија, одговарајќи на прашањето на еден гледач.
„Мислам дека таквите продавници треба целосно да се затворат“; рече митрополитот на Руската православна црква во емисијата „Црква и вет“ на телевизискиот канал „Русија 24“.
Началникот на Синодалното одделение за надворешни црковни односи, објасни дека овие продавници ги привлекувале децата.
„Ставот на Црквата по сите овие прашања е многу јасен и недвосмислен. Се противиме на сексуалниот промикуитет и се противиме на развратот на сите негови облици. Таквите продавници за возрасни се ништо друго освен легализиран разврат“, рече црковниот поглавар.
Владиката напомена дека Црквата не може да им диктира на властите што да дозволат, а што да забранат и дека не може да им наложат да ги затворат таквите установи или барем да направат некаква регулација со некакви знаци на нив.
Можеме да им кажеме на нашите деца дека посетата на таквите продавници е неприфатлива, но, за жал не можеме да ги натераме државните органи да ги затворат таквите продавници ниту пак да ги регулираат со натписи на нив или со некакви реклаами“, рече Иларион.
Владиката на истата телевизија рече дека Руската православна црква не воспоставува таканаречена доба на сексуална согласност во Русија, потсетувајќи дека Црквата не го благословува сексот пред бракот.
„Би било корисно законски да се дефинира староскната граница на согласност, барем да можеме да го раздвоиме оние случаи на сексуален контакт кои се доброволни од двете страни и оние во кои е користено насилие. Факт е дека границата меѓу овие случаи е често прилично суптилна, а ни адвокатите на суд не секогаш се во состојба целосно да ја разберат“, рече митрополитот.
Тој додаде дека не е случајно тоа што Црквата смета дека сексуалниот контакт е дозволен само во рамки на брачните заедници, затоа што тие сексуални контакти кои се случуваат надвор од овие граници или пред бракот носат голема опасност.
„Тука е и фактот дека многу постари лица ќе малтретираат многу помлади лица. Тука се можни сите опции, наставник со ученик, тренер со помлада спортистка и така натаму. За да се спречат овие случаи на насилие, таквите законски норми би биле многу корисни“, рече митрополитот.
Староста за согласност на сексуална активност во Европа се движи од 14 до 18 години.