Центарот за култура Битола и Камерниот оркестар на 19 февруари ќе одржат концерт посветен на Тоше Проески и Аки Рахимовски. Концертот е насловен „Засекогаш во срцата 3“, а организаторите за сега не откриваат други детали за концертот.
„19 февруари е датумот кога треба да бидете во Битола и кој од сега треба да го запишете во вашите месечни планери“, велат оттаму.