Извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња, потврди дека компанијата за автомобили ќе им исплати на своите 4.500 вработени бонус од околу 12.000 евра поради доброто деловно работење изминатата 2021 година.
Вкупниот приход на италијанскиот бренд од ланската година изнесува повеќе 4 милијарди евра, а само профитот е 883 милиони евра. Ова не е првпат Ферари да биде толку дарежлив со своите вработени. Во 2019 година, таа им исплати околу 11.000 евра бонус.
Лани компанијата успеа да произведе рекордни 11.155 автомобили. Некои експерти веруваат дека рекордот ќе биде соборен оваа 2022 година, откако компанијата го потврди производството на Purosangue, првиот SUV на Scuderia, кое ќе започне оваа година, а првите примероци ќе бидат испорачани на почетокот на следната 2023 година.