Деветнаесетгодишниот Џек Свини од Флорида, кој од неодамна почна да го следи авионот на Илон Маск, сега почна да ги следи авионите и на милијардерите Џеф Безос и Бил Гејтс.
Свини рече дека во иднина планира да направи уште 10 профили на „Твитер“, од каде ќе можат да се следат авионските летови на уште десетмина богати и славни лица. Во интервју за „Гардијан“ рече дека направил веќе 16 автоматизирани твитер налози, или ботови за да ги следат авионите.
Покрај на Маск, тој веќе им влегол во трага и на милијардерот Марк Кубан и раперот Дрејк. Свини кој е заљубен во воздухопловството направил и свој веб-сајт, Ground control и во иднина планира да им наплаќа на сите оние кои ќе сакаат да ги следат летовите на познатите лица.
За потсетување, Маск му понуди на Свини 5000 долари за да го затвори профилот и прекине да ги следи неговите приватни летови. Свини понудата ја зголеми на 50.000 долари, а засега Маск сè уште одговорено.