Лажен исцелител од Пакистан ѝ заковал шајка во глава на бремена жена велејќи ѝ дека само така може да роди машко дете. Откако не успеала самата да ја извади, жената побарала помош од лекарите во една болница во Пешавар, место кое се наоѓа на северозапад во Пакистан.
„Кога дојде беше во свесна состојба, но имаше големи болки. Рендгенот покажа дека шајката била навлезена пет сантиметри во черепот, но за среќа не стигнала до мозокот“, рече еден од лекарите за „Франс прес“ и додаде дека таа е мајка на три ќерки и дека сега очекува уште едно девојче.
Традиционалните исцелители чии пракси се често вкоренети во мистицизмот, се вообичаени во Пакистан, особено во муслиманските земји, иако разни исламски школи не одобруваат такви обреди, пренесува „Дејли мејл“.
Во јужна Азија, раѓањето на машки деца често се смета за добар знак, затоа што се верува дека тоа може подобро да ја обезбеди финансиската иднина на своите родители отколку девојчињата. Полицијата наведе дека испитува уште една пациентка и дека брзо ќе го уапсат лажниот исцелител.