Имала секс во тројка за роденденот на сопругот па го оставила за девојката со која биле во кревет

Американката Тереса Роуз го оставила својот сопруг откако имале секс во тројка за неговиот роденден. Таа го оставила за девојката со која спиеле заедно.

Триесет и шест годишната Роуз рече дека отсекогаш била несреќна во бракот, но последно нешто кое ѝ паднало на памет е да помисли дека е геј. Тоа ја приморала да го остави сопругот и да почне врска со Жаки Метл, жената со која спиеле заедно на неговиот роденден.

„Кога доживеав интимна интеракција со жена по првпат, физичката и емоционалната поврзаност беа многу интензивни. Откако бев со жена, сватив зошто сум била несреќна во бракот. Мојот однос со сопругот беше емоционално плиток и се чувствував осамено“, рече Роуз.

Таа била израсната во католичко семејство и од мала и зборувале дека хомосексуалците на крајот ќе завршат во пеколот. Затоа и ги криела емоциите кон жените. Нејзиниот сопруг не ја поддржал кога му ја кажала вистината. Откако им кажал на пријателите, таа станала депресивна.

Имало денови кога размислувала и на самоубиство. Но, тогаш почнала да се дружи со Жаки. Рози вели дека таа е таа која ѝ го спасила животот. Тие се преселиле во Калифорнија во Орегон и веќе една година живеат заедно со синовите на Роуз.

Таа честопати објавува и видеозаписи од нејзиниот живот на ТикТок каде има над 100.000 фанови.

Scroll to Top