Демонстрантка од Нов Зеланд на телевизија му порча на сопругот дека го остава затоа што примил бустер доза против корона.
„Го оставам мажот. Прими бустер денес. Готово е со него. Не сакам да имам работа повеќе со него“, му порача таа и додаде дека ќе се бори до крај за нејзините внуци.
За потсетување, Нов Зеланд делумно е блокиран откако демонстрантите влегоа во градот и го запреа сообраќајот. Тие ги блокираа патиштата, а потоа извадија и транспаренти и плакати. Демонстрантите велат дека сакаат да го изразат своето незадоволство против политиката на Џасинда Ардерн која ја води против пандемијата.