Бил Гејтс предуперди на нова пандемија

Мултимилионерот Бил Гејтс на конференцијата во Минхен предупреди дека светот чека нова пандемија по коронавирусот. Како што напомена, таа епидемија ќе биде предизвикана од патоген од семејството на коронавирус,пренесе Си-Ен-Би-Си

Но, тој додаде дека напредокот во медицинската технологија треба да му помогне на светот подобро да се справи во борбата против неа – ако се инвестира сега.

„Ќе имаме уште една пандемија. Следниот пат ќе биде различен патоген“, рече Гејтс.

Две години по пандемијата на коронавирус, Гејтс рече дека најлошите ефекти исчезнале бидејќи огромни делови од глобалното население стекнале одредено ниво на имунитет. Неговата сериозност, исто така, опадна со најновата варијанта на омикрон.

Scroll to Top