(Видео) По нападот на Путин, пак се актуелни предвидувањата на Симпсонови од 1998 година

На „Твитер“ масовно споделуваат сцена од „Симпсонови“ прикажана во 1998 година.

Во една епизода авторите го прикажаа враќањето на Советскиот Сојуз и повторното појавување на Студената војна.

Видеото прикажува како Западот се обидува да најде решение да ја запре војната. Оваа епизода е наречена Simpsons Tide и е прикажана во март пред 24 години. Во тоа време претседател на Руската Федерација беше Борис Елцин.


Епизодата го прикажува Хомер Симпсон како ѝ се приклучува на морнарицата, Русија во Обединетите нации го менува своето име во Советски Сојуз, маршираат војници, тенкови и го обновува Берлинскиот ѕид. Во продолжение е прикажано и оживувањето на Владимир Илич Ленин. Ленин во „Симпсонови“ рекол дека „мора да го уништи капитализмот“.

„Дали Симпсонови предвидуваа криза меѓу Украина и Русија?“ „Симпсонови знаат сè“, „Тие го направија тоа повторно“, се кометира на „Твитер“.

Инаку, обожавателите на Симпсонови знаеле да споделат разни сцени од серијата што се емитува од 1989 година за секој голем настан во светот тврдејќи дека е полна со предвидувања. Сепак, поверојатно е дека историјата честопати само се повторува.

Scroll to Top