Најновото издание на „Шарли ебдо“ (анг. Charlie Hebdo), сатиричното француско списание, го претстави Путин како мајмун на насловната страница.
Карикатуристите го прикажаа рускиот претседател со огромно тело и премал пенис под кој стои уред за активирање нуклеарно оружје. А под карикатурата напишаа: „На патот кон 21 век“.
En route pour le XXIe siècle ! #Poutine
Retrouvez :
👉 Entretien avec @DTeurtrie, chercheur incollable sur la Russie
👉 Notre reportage au Salon de l’agriculture
👉 Portrait : Mélenchon est-il vraiment un écolo ?En vente mercredi ! pic.twitter.com/pMEDytVAlY
— Charlie Hebdo (@Charlie_Hebdo_) March 1, 2022
Насловната ја објавија уште вчера на „Твитер“ по што почна веднаш да се споделува и коментира. Многубројни твитерџии се согласуваат дека списанието погодило кој е најголемиот проблем на Путин.
„Мислев дека користат цртани, а не вистински фотографии“, „Тоа движење навистина се исплатеше“, „Имаме сличен мајмун во Белград“, „Русија, ова е твојот лидер“, се дел од коментарите на корисниците на оваа социјална мрежа.