Ќерката на Трамп се мажи за милијардер, свадбата ја планираат на островот Миконос во Грција

Ќерката на Доналд Трамп, Тифани, ќе се мажи за милијардерот Мајкл Булос. Двајцата планираат голема венчавка, која сакаат да ја направат на еден од грчките острови. Се шпекулира дека планираат да направат две церемонии. Едната на грчкиот остров Миконос, а другата на имотот на татко ѝ – Мар-а-Лаго на Флорида. Засега датумот на венчавката не е познат.

Поранешниот американски претседател 28-годишната Тифани ја доби од бракот со Марла Мејплс. Таа со мајка си живееле во Калифорнија, а татко ѝ живеел на источниот дел. Двете се многу блиски и за нив велат дека се однесуваат како другарки. Често одат и на скијање.

За Тифани велат дека името го добила по познатaта златарница, чија експозитура се наоѓа спроти кулата на Трамп во Њујорк. Отсекогаш сакала луксуз, а магазинот „Пипл“ пренесе дека била опседната со гламур и сјај, како и убавина и романтика. Венчавката сака да ѝ биде уникатна.

Со својот свршеник, Мајкл Булос, се запознале токму на Миконос во 2018 година во еден клуб, чиј сопственик е американската глумица Линдзи Лохан. Тифани била гостин за време на кампањата за собирање помош на настраданите во пожарите на Атика.

Мајкл е син на либански милијардер, кој пораснал во Нигерија. Има две сестри и еден постар брат, кој е рапер. Брат му е познат под уметничкото име Фарастафари. Мајкл уште како тинејџер летата ги поминувал на грчките острови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump)

Од 19 години работи како помошник-директор во компанијата на својот татко. Тифани ја побарал за жена пред тревникот на Белата куќа во јануари минатата година, на последниот ден од претседателскиот мандат на Трамп. Прстенот што ѝ го подарил вреди 1,2 милион долари.

Го купил од златарницата „Тифани“. За потсетување, Доналд Трамп има уште една ќерка, Иванка, која во 2009 година се омажи за Џаред Кушнер. Тие се венчаа во неговиот национален голф-клуб во Бедминстер во Њу Џерси.

На Мар-а-Лаго во Палм Бич на Флорида се случи и третиот брак на Доналд Трамп со Меланија. Тие се венчаа во 2005 година.

 

 

Scroll to Top