Хибернациската диета со која процесот на слабеење започнува во текот на ноќта, а исто така помага за поквалитетен сон. Главното правило во оваа диета е една до две лажици мед пред спиење, со топол напиток или смути.
Хибернациската диета функционира со „регрутирање“ на природниот механизам за контрола на тежината на телото. Клучно е да се обноват регенеративните механизми на телото во текот на ноќта, забрзувајќи ги метаболичките процеси и согорувањето на мастите, ублажувајќи ги ефектите на хормоните на стресот и помагајќи ни да спиеме подобро во текот на ноќта.
Ако вашиот црн дроб е добро „снабден“ со гориво потребно за нормално функционирање навечер, наместо да согорува масти и да ги обновува мускулите, вашето тело произведува голем бран на хормони на стрес додека спиете. Медот одамна е ценет поради неговите терапевтски својства. Фруктозата и гликозата во медот му обезбедуваат на телото гориво кое му е потребно во текот на ноќта, кое го контролира балансот на нивото на шеќер во крвта и го поттикнува согорувањето на мастите.
Но, диетата за хибернација не се базира само на мед. За најдобри резултати, важно е да се следи здравата исхрана, што подразбира избегнување на преработена храна како бел леб, пица, хамбургери, чипс, пиво и шеќер и консумирање храна која содржи хранливи материи валидни за нашето тело, без непотребни адитиви.