Брза торта со јагоди и бисквити

Потребни состојки:
3 големи пакувања бисквити
50 0гр јагоди
2 пудинга од ванила
125 гр путер
100 гр шеќер во прав
200 мл слатка павлака
700 мл млеко
200 гр шлаг
желатин за декорација
6 лажици шеќер

Начин на подготовка:

Во 400 милилитри млеко прво истурете шест лажици шеќер и ставете да се вари. Кога млекото и шеќерот ќе зовријат додадете два пудинга кои претходно сте ги измешале со три лажици млеко. Пудингот сипете го во млекото лесно мешајќи да не се формираат грутчиња. Пудингот сварете го на тивок оган додека не се згусне, за кога ќе го промешате да се види трагата. Оставете го пудингот да се излади.

Путерот пенесто изматете го со шеќерот во прав. Слатката павлака изматете ја со миксер во цврст шлаг. Кога пудингот ќе се олади, додадете му путер и сè убаво измешајте за масата да биде компактна, а потоа додадете една лажица изматена слатка павлака. Измешајте сè додека филот не стане мазна маса.

Јагодите измијте ги, исчистете ги, а потоа исечете ги на пошироки фелчиња.

Подгответе кружен калап. Одделете 200 мл млеко во подлабок сад. Потопете ги бисквитите во млекото, наредете ги на дното од калапот, а потоа исправени по страните. Над бисквитите ставете од филот, а врз него богати јагоди кои ги прекривате со уште еден тенок слој фил. Над тоа повторно ставете ги бисквитите натопени во лесно млеко, па филот, па јагодите, малку фил, па завршете ја тортата со бисквитите. Оставете во фрижидер да се стегне два до три часа.

Изматете го шлагот со остатокот од млекото. Извадете ја тортата, премачкајте ја со шлаг, па украсете ја со фелчиња јагоди. Желатинот сварете го според упатството од кесичката и одозгора прелијте ги јагодите, па оставете го уште малку да се стегне во фрижидер.

Scroll to Top