По речиси две години од смртта на син ѝ, Криси Тајген повторно е бремена. Манекенката сподели фотографија од неа, а голем број обожаватели и познати колеги ѝ честитаа и посакаа среќа.
„Радост повторно го исполни нашиот дом и срца. Милијарда инјекции подоцна, од кои бројни во ногата како што можете да видите. Благодарение на тоа имаме уште едно бебе на пат“, рече Криси и откри дека со сопругот, пејачот Џон Леџенд, веќе некое време се обидуваат да го прошират семејството.
За потсетување, Криси и Леџенд имаат две деца, Луна и Мелиса, а синот Џек го загубија во 20. недела од бременоста.