Вил Смит за првпат се огласи на „Инстаграм“ по скандалот на Оскарите и шлаканицата на Крис Рок. Холивудскиот актер објави видео и рече дека ќе се обиде да се врати на социјалните мрежи по инцидентот на годинашните Оскари.
Смит објави видео со бебе горила кое му додева на многу поголемо горило, така што нежно го допира неговиот задник.
„Јас кога се обидувам да се вратам на социјалните мрежи“, рече Вил Смит.
View this post on Instagram
Видеото за кратко време собра повеќе од 1,5 милиони лајка и ги насмеа неговите обожаватели.
„Ни недостигаш, врати се, те сакаме“, биле само дел од коментарите на фановите.
За потсетување, Вил Смит и Џејда неодамна за првпат беа видени заедно во јавност по скандалот на доделувањето на Оскарите.