Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски го даде првиот гол за Фенербахче, три недели откако потпиша за турскиот клуб. Тој влезе во игра во 80. минута и четири минути подоцна даде гол со левата нога.
Фенербахче победи 4:2 со што ја оствари втората победа сезонава во турската Суперлига.
За потсетување, Џани дојде во Фенербахче од саудискиот Ал Ахли, кој по крајот на сезоната испадна во втората лига. Тој кажа дека иако имал неколку понуди, ја прифатил понудата на гигантот од Истанбул по препорака на Елиф Елмас.