Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров е нов тренер на ракометниот суперлигаш „Алкалоид“. Денес беше претставен на прес и рече дека му е чест што ќе има можност да работи во Македонија и дека не размислувал дали да ја прифати понудата.
„Чест и задоволство ми е што ќе работам во мојата Македонија, мојата родна земја и ќе пробам со моето знаење и искуство што го стекнав годиниве низ светот, да го пренесам овде во Македонија. Чест е што во раце ќе имам ваков посакуван проект. Не се двоумев воопшто дали да ја прифатам поканата на „Алкалоид“. Со многу желба и ентузијазам влегов и ветувам дека ќе дадам сè за добро не само на клубот, туку и на ракометот и спортот во Македонија“, рече Лазаров.
За потсетување,последниот натпревар во кариерата го одигра против ПСЖ во дресот на Нант во финалето на францускиот куп, а кариерата ја продолжи како селектор на македонската ракометна репрезентација.