Канадскиот рапер Дрејк изгуби околу половина милион долари обложувајќи се на ММА борби. Дрејк се обложил на победа на Бразилецот Хозе Алдо и Нигериецот Камара Усман, но и двајцата изгубија.
Дрејк остана без 200.000 долари, а потоа вложил уште 230.000 долари на Усман, кој го изгуби шампионскиот појас од Леон Едвардс.
Ова не е првпат Дрејк да погреши во проценките. Познат е по неговата клетва. Во март се обложил 275.000 долари на Јорге Масвидал во борбата против Колби Ковингтон. Кобингтон го победи противникот во овој меч.
Два месеца подоцна Дрејк се обложил на аутсајдерот и вложил 400.000 долари за победа на Џастин Гатхеј над Чарлс Оливер, но Гатхеј беше поразен уште во првата рунда.
Дрејк се проба и во Формула 1, кога се обложи на победа на Чарлс Леклер за Големата награда на Шпанија. Леклер мораше да се повлече од трката поради дефект на моторот, откако стартуваше од пол позиција. Раперот остана без 220.000 долари.