Откако објави дека се разведува, Силвестер Сталоне ѝ го честиташе роденденот на ќерка му Софија Роуз. Објави семејна фотографија со неа и сопругата Џенифер Флавин, со која наскоро ќе се разведе и се извини затоа што задоцнил со честитката.
„Среќен роденден, со задоцнување на мојата посебна ќерка Софија“, рече Сталоне.
За потсетување, Флавин пред десетина дена поднесе барање за развод до судот во округот Палм Бич на Флорида. Во петицијата тврди дека глумецот намерно ги трошел брачните средства и побарала да му се забрани да продава или пренесува какви било средства додека трае разводот.
Во меѓувреме, ТМЗ објави дека парот се разделила откако имале жестока расправија околу кучето. Сталоне наводно рекол дека сака нов ротвајлер за да го заштити семејството, но Џенифер се противела. На крајот Сталоне го донесе кучето дома и објави фотографија од него.
View this post on Instagram
Го нарече Двајт по името во серијата „Кралот на Тулса.
„Двајт, дефинитивно е мој вистински пријател. Продолжи со клоцање и лаење“, напиша Сталоне, кој со Џенифер се заедно од 1988 година, а се венчаа во 1997 година. Покрај Софија, ги имаат и Скарлет и Систина. Сталоне го има и синот Сеархетх од бракот со Саша Чек.
Неговиот најстар син Сејџ, кој го доби со Старлин Рајт, почина во 2012 година.
View this post on Instagram