Во Кина е изградена првата брза пруга на море. Возовите на оваа пруга ќе можат да се движат и до 350 километри на час. Последните работи беа завршени на 30 август, кога беа поставени последните челични шини во должина од 500 метри. Целата пруга е долга 277,4 километри.
Шините беа поставени на северната станица Сијамен на брзата железница Фуџо-Сијамен. Властите велат дека оваа железница ќе биде од големо значење за промоција за брз развој на групата градови од југоисточниот брег.