Најстариот син на починатата кралица Елизабета Втора, Чарлс Трети, вчера беше прогласен за нов британски крал. На церемонијата присуствуваа членови од кралското семејство, британскиот премиер и други високи политичари.
Целата церемонија за првпат во историјата се гледаше на телевизија, а реакцијата на Чарлс за време на потпишувањето на заклетвата ги насмеа сите. На масата имаше две големи хартии и две кутии за пенкалата.
Чарлс го потпиша првиот документ, но за вториот имаше проблем, па направи смешен израз на лицето ѝ им сигнализираше на помошниците да ја тргнат една од кутиите за пенкала која му сметаше. Видетото за кратко време стана хит на интернет.