Брза пица готова за 20 минути

Состојки: 300 гр лиснато тесто, 350 мл пасирани домати, 200 гр сирење, 150 гр шунка,1 лажичка оригано, малку маслиново масло, сол, бибер.

Подготовка: Тестото развлечете го малку на хартијата за печење и направете круг, а потоа свиткајте ги рабовите навнатре и обликувајте ги рабовите. Тавата во која ќе ја печете пицата обложете ја со хартија за печење. Покријте со капак и печете ја основата на умерен оган 10 минути. Во меѓувреме, зачинете го доматниот сос со сол, бибер, оригано и маслиново масло. Намачкајте го тестото со приготвениот сос од домати, наредете ја шунката и ренданото сирење, повторно ставете го капакот и продолжете со печењето уште 10 минути. Кога пицата е готова, посипете ја со уште малку оригано, исечете ја на кришки и послужете.

 

Scroll to Top