Состојки: 150 гр сирење, 3 јајца, 1 дл кисело млеко или јогурт, 1 dl масло, 1 прашок за печиво, 15 лажици брашно, сол по вкус.
Подготовка: Изрендајте го сирењето, додадете ги изматените јајца, киселото млеко или јогуртот, маслото, брашното и прашокот за печиво. Сите состојки се мешаат, се ставаат во подмачкан плех и се пече во загреана рерна на 200 степени 20 минути. Послужете топла проја со кисело млеко.