Актерот Брус Вилис кој во март годинава објави дека става крај на својата долгогодишна кариера откако му беше дијагностицирана афазија, секој момент од го поминува со своето семејство.
Извор близок до семејството открива дека неговото семејство знае дека Брус нема да биде вечно тука. Ема Хеминг и Деми Мур, сегашната и бившата сопруга на Брус, се зближиле уште повеќе и заедно му помагале на актерот да му го олеснат животот со болеста.
„Таа ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, тогаш се јавува на телефон само за да го слушне гласот на Брус”, рекол споменатиот извор.
View this post on Instagram
Месеците откако актерот ја откри својата битка со болеста која ги напаѓа неговите когнитивни способности станаа и тешки и драгоцени за семејството Вилис, а сите се обидуваат да не пропуштат ниту еден момент со саканиот актер.
Големото семејство и сега, како и секоја година, празниците ги поминува во Ајдахо, а имаше и неколку фотографии на кои Мур и Вилис позираа заедно со нивната 28-годишна ќерка Талула. На фотографијата мајката и ќерката позираа прегрнати, а им се придружи и Брус кој го гледаше нивното милениче кучето Пилаф.
Изворот додаде дека времето заедничко на семејството и традициите отсекогаш биле посебни и дека нивните собири сега продолжиле и станале уште поубави, и покрај болеста на актерот.
„Брус не може да зборува многу и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат. Ема стана негов глас и некој што комуницира за него. Има денови кога тие забележуваат делови од стариот Брус, но тоа се кратки моменти.