Почина познатиот водителот Џој Роланд кој известуваше за терористичките напади во Њујорк

Познатиот американскиот водител Џон Роланд почина на 81 година. Роланд речиси 30 години работеше како телевизиско лице во телевизијата „Фокс 5“ во Њујорк и ги водеше вестите во 22 часот.

Во кариерата соопштуваше бројни важни информации, а една од нив беше и терористичкиот напад на 11 септември, во кој настрадаа 2996 луѓе. Во една прилика и самиот стана главна тема на медиумите.

Во мај 1983 година со неговиот пријател вечерале во ресторан во источниот дел на Њујорк, кога три вооружени мажи влегле и се обиделе да го ограбат местото. Роланд се обидел да му се спротистави на еден од разбојниците, па бил застрелан во ногата. Другите двајца го удриле по глава и завршил и со 32 конци.

 

Scroll to Top