Десерт кој го штити срцето и го забрзува метаболизмот

Темното чоколадо е сојузник на доброто здравје, го намалува воспалението, го регулира крвниот притисок и штити од кардиоваскуларни болести.

Темното чоколадо се смета за здраво задоволство, со 70 или повеќе проценти какао, богато е со растителни соединенија наречени флавоноиди и флаваноли, кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

Многу истражувања веќе покажале дека темното чоколадо спаѓа во групата на здрави намирници кои имаат и одредени здравствени придобивки.

Една студија објавена во научно списание покажала дека исто така може да поттикне губење на тежината.

Покрај тоа, сировото какао е полно со флаваноли, растителни соединенија за кои се верува дека ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат крвниот притисок и воспалението и го намалуваат нивото на холестерол.

Флаванолите исто така можат да ве заштитат од оксидативен стрес и други оштетувања на клетките.

Нутриционистите напоменуваат дека какаото е богато со калиум, кој помага во регулирањето на крвниот притисок и магнезиум, кој е клучен за правилното функционирање на сите мускули, вклучувајќи го и срцето.

Го храни мозокот

Студијата објавена минатата година покажала дека здравите возрасни лица кои консумирале какао богато со флаваноли, исто така, биле подобри во решавањето на различни проблематични задачи бидејќи, како што тврдат научниците, какаото реагира така што го зголемува протокот на крв во мозокот.

Scroll to Top