СОСТОЈКИ:
- 5 јајца
 - 1 чаша шеќер (200 мл)
 - 1 ванилин шеќер
 - 1 чаша масло
 - 1 чаша млеко
 - 2 чаши глатко брашно
 - 5 лажици какао
 - 1 прашок за пециво
 
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:
- 3 чаши млеко
 - половина чаша масло
 - 1 чаша шеќер
 - 1 ванилин шеќер
 - 5 лажици какао
 - 100 гр чоколадо за готвење
 
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете ги ванилиниот шеќер, маслото, мекото, брашното, прашокот за пециво и какаото. Соединете сè и ставете го во плех за печење на 190 степени Целзиусови.
 - Додека се пече бисквитот, подгответе го преливот. Ставете го млекото да зоврие и додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, чоколадото и какаото, а потоа маслото. Изладете го преливот и потоа прелијте го врз врелиот колач.
 






