Рецепт за мафини од тиква со чоколадо

Состојки:

– 300 гр пире од тиква

– 220 гр брашно

– 100 гр чоколадни топчиња (или сечкано чоколадо)

– 100 гр шеќер

– 120 мл масло

– 60 мл млеко

– 2 јајца

– 1 лажичка цимет

– 1 лажичка прашок за пециво

– 1 лажичка сода бикарбона

– прстофат сол

Подготовка:

Во сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, содата, циметот и солта, измешајте и оставете ги на страна.

Во друг сад прво додадете шеќер, јајца, масло и пирето од тиква, па мешајте додека не се соединат сите состојки.

Додадете ја сега подготвената смеса од суви состојки на влажните состојки и матете со блендер додека не добиете мазна и еднолична смеса.

Додадете го чоколадото и измешајте.

Вклучете ја рерната на 180 степени. Во калап за мафини ставете ги корпите и рамномерно наполнете ги додека не ја потрошите целата смеса. По желба одозгора можете да ставите уште малку чоколадо.

Калапот се става во загреана рерна и се пече околу 20 минути.

Scroll to Top