Родителите чии деца живеат далеку од училиштата и кои често мораат да ги возат на оддалечени воннаставни активности мора да го приспособат целиот свој деловен и личен распоред на децата и нивните потреби за превоз. Ова не им одговара на родителите што имаат повеќе деца и често мораат попладневните часови да ги поминат во улогата на возач.
Новата услуга наречена „Вејмо тин“ би била достапна за тинејџерите во САД. Наместо родителите да ги возат до училиште и на различни воннаставни активности, тие ќе можат да повикаат роботакси што ќе ги однесе до саканата локација. За да можат децата да ја користат оваа услуга, прво треба да добијат одобрение од родителите или старателите, а секогаш кога децата ќе влезат во роботакси и кога ќе излезат, на родителите ќе им се испраќа порака за да знаат каде се наоѓаат нивните деца.
Оваа компанија размислува за ваков вид услуга за тинејџери и таа не е официјално претставена, но моментално спроведуваат анкети меѓу нивните корисници за да дознаат дали има интерес за ваков тип услуга. Изгледа дека приоритет не им се индивидуалните возења на тинејџерите, туку размислуваат за некаква претплатна услуга, чие користење би се наплаќало меѓу 150 и 250 долари, што би вклучувало и до 16 возења месечно.