Актерката Џенифер Лав Хјуит гостуваше во поткаст во кој присети на времето кога била сексуализирана во медиумите како тинејџерка.
„Кога имав 16 години, возрасните зборуваа за моите гради на ток-шоуа и луѓето ми се смееја. Тоа беше целосно прифатена култура, но кога ќе седнете и ќе погледнете каде сме сега во споредба со местото каде што бевме тогаш, навистина е зачудувачки“, опиша Џенифер.
„Гледајќи наназад, мислам дека беше навистина чудно да се стане секс симбол пред да знам што значи тоа. Не знаев што значи да се биде секси“, истакна таа. Рекла и дека добила непријатни коментари за појавувањето на насловната страница на магазинот „Максим“ на 17 години, истакнувајќи дека тоа и било „малку одвратно“.
Оваа 45-годишна актерка е најпозната по улогите во серијалот филмови I Know What You Did Last Summer. Откако се појави во нив, таа вели дека добивала шеги како „Знам што правеа твоите гради минатото лето“.