Шарлот од „Сексот и градот“ за нејзината борба со килограмите: Се изгладнував за да ја задржам витката линија

Актерката Кристин Дејвис, најпозната по улогата на Шарлот Јорк во „Сексот и градот“, призна дека интензивно вежбала и јадела малку поради притисокот да ја одржи витката линија за серијата „Мелроуз Плејс“. Според „Пејџ Сикс“, по нејзиниот успех во улогата на Брук Армстронг во 1995 година, Дејвис добила јасни упатства да не се дебелее.

Иако имаше одличен однос со колешките, притисокот околу нејзиниот изглед и килограмите и го направија тој период исклучително тежок.

„Секоја личност беше убава и многу слаба. Мислев: И јас морам да го направам тоа“, се присети актерката и додаде дека нејзината несигурност уште повеќе се зголемила кога дознала дека продуцентите го коментирале нејзиниот изглед.

Посебно незаборавен беше разговорот со нејзиниот колега Томас Калабро, кој во серијата го играше д-р. Мајкл Манчини. „Тој ми рече: Кристин, многу ми е мило што си тука. Морам да ти кажам, изгледаш одлично. Знам дека продуцентите се под голем стрес, но мислам дека е неверојатно да се има жена која има облини“, раскажува Дејвис.

Изненадена што нејзиното тело станало тема на разговор меѓу продуцентите, таа решила директно да се соочи со нив. „Отидов кај извршниот продуцент и го прашав: Томас Калабро ми кажа дека сте загрижени за мојата тежина. Дали некој коментираше? Дали г-дин Арон Спелинг кажа нешто? А тој одговори: Мислиме дека изгледаш убаво, само не се здебелувај“, се присети актерката.

Притисокот станал посилен, што ја навело да ангажира тренер за трчање и да почне да посетува 90-минутни тренинзи. Заедно со строгата контрола на исхраната, преоптоварувањето на нејзиното тело почнало негативно да влијае на нејзините когнитивни функции и целокупното здравје.

Исцрпеноста кулминирала кога се онесвестила на паркингот, а на моменти не можела да се сети на сопственото име. Иако денес препознава колку е алармантна ситуацијата, тогаш ја сметаше за секојдневие. „Долго време беше нормално… Имаше многу стрес. Ако имавте посилни колкови, таква беше ситуацијата“, рече таа.

По години мака со својот изглед, Дејвис конечно најде начин да го прифати нејзиното тело. „Конечно ја засакав формата на моето тело. Наместо да се грижам дали ќе бидам слаба, сега едноставно ги правам работите што ги сакам, како јога и пилатес“, рече таа претходно.

Покрај притисокот поради килограмите, Дејвис се соочи и со критики поради тоа што има филери на лицето. Таа отворено проговори за тоа, нагласувајќи дека естетските зафати треба да се прават само ако жената ги сака, а не поради наметнат притисок.

Scroll to Top