Протеините често се нарекуваат градежен блок на животот, но тие исто така играат голема улога во губењето на тежината.
Ако се обидувате да ослабете, можете да го олесните процесот со консумирање многу протеини за да го регулирате метаболизмот и да го зголемите чувството на ситост.
Како протеините помагаат во губењето на тежината?
Зголемувањето и губењето на тежината, едноставно кажано, се одредуваат според рамнотежата помеѓу калориите што ги внесувате и калориите што ги согорувате. Иако броењето калории е еден популарен начин за ограничување на внесот, фокусирањето на протеини исто така може да функционира.
Протеините го поттикнуваат чувството на ситост
Протеините нè прават да се чувствуваме посити од јаглехидратите и мастите. Исхраната со повеќе протеини може да ги зголеми нивоата на хормоните што го потиснуваат апетитот GLP-1, пептид II и холецистокинин и може да го намали хормонот грелин што го зголемува гладот.
„Протеините се познати по својот квалитет на ситост, со други зборови, нивната способност да ве натераат да се чувствувате (и да останете) сити пред следниот оброк. Ова се должи на одредени хормони што се ослободуваат како одговор на протеините во вашата исхрана, кои му сигнализираат на вашиот мозок дека сте сити“, вели Витни Линсенмаер, доцент по исхрана и диететика на Универзитетот Сент Луис, за Everyday Health.
Протеините помагаат во забрзувањето на метаболизмот
Протеините имаат поголем термички ефект од другите макронутриенти како јаглехидратите и мастите, што значи дека можат да користат повеќе калории од вашето тело за варење и метаболизам.
Протеините се разградуваат подолго време, што бара повеќе енергија за обработка и апсорпција.
Варењето на протеините согорува 20 до 30 проценти од калориите, во споредба со 5 до 10 проценти за јаглехидратите и 0 до 3 проценти за мастите. Затоа, здравата количина на протеини во исхраната може да го забрза метаболизмот и да го поддржи регулирањето на телесната тежина.
Го регулира шеќерот во крвта
„Повисокиот внес на протеини може да помогне во подобрувањето на нивото на шеќер во крвта кога го компензира внесот на јаглехидрати, особено рафинираните јаглехидрати“, вели Линсенмер.
Исхраната богата со протеини и растителни влакна може да го поттикне чувството на ситост и да го забави зголемувањето на нивото на гликоза во крвта.
Кога се чувствувате сити, поголема е веројатноста да избегнете прејадување, што може да ја подобри чувствителноста на инсулин и да ги намали нивоата на гликоза во крвта. Исхраната со висока содржина на протеини го зголемува лачењето на хормони кои можат да ја подобрат чувствителноста на инсулин кај луѓе со дебелина и предијабетес.
Како да ги пресметате вашите потреби за протеини?
Можете да ги пресметате вашите потреби за протеини почнувајќи од вашата целна тежина и работејќи наназад.
Ако сакате да се спуштите на 63 килограми на пример, се препорачува да јадете меѓу 64 и 127 грама протеини дневно, при што поголема количина е соодветна за луѓето кои почесто вежбаат.
Ако броите калории за да ослабете, се препорачува 10 до 35 проценти од дневниот внес на калории да доаѓа од извори на протеини. Сепак, кога станува збор за губење на тежината, Линсенмер препорачува да се стремиме кон повисокиот крај од тој опсег, пишува Everyday Health.