Зошто жените живеат подолго од мажите?

Иако секој случај е индивидуален, а и секој регион е посебен, сепак, животниот век на луѓето во Европа и во Македонија покажува некоја линија на тенденција: жените живеат подолого од мажите. Евростат измери дека во земјите на ЕУ животниот век на мажите изнесува 76,6 додека на жените 81,5 . Во нашата земја, иако во просек живееме пет години помалку, сепак и тука соодносот на животниот век на мажите и жените е сличен. Последните податоци на Државниот завод за статистика од 2024 година покажуваат дека разликата меѓу двата пола е пет години во користи на жените – македонските жени во просек живеат 76,8 години, додека мажите живеат 71,9 години.

Во што жените се подобри од мажите, па со тоа и подолговечни или пак, мажите некаде потфрлаат? Со напредокот на медицината, во 21 век генетиката и здравствените причини како да бледат во големата слика зошто жените успеаваат да ги надживеат мажите. Тие се уште се клучни, па на пример, мажите се повеќе склони на срцеви заболувања кои се причина број еден за смртност, но главно на сцена стапуваат други два фактора: психологијата и социологијата.

Секако, целата приказна има и комична страна. Доволно да ги погледнете мимовите на социјалните мрежи токму на темата: зошто мажите живеат пократко од жените, па ќе ви излезат стотици комични фотографии со тоа како ненадминлива е машката кретивност да се обезбеди сенка со багер од 30 тони над себе, или пак, дека на мажите што сакаат да поправат клима на 10 кат гравитацијата не им може ништо…а и да не заборавиме температура од 37, 3 кај мажите е „смртна“ постела.

 

Scroll to Top