„Дојди да собираш компири, ама не во фустанот од 1.500 евра“ – жена ѝ понуди работа на Нина Бадриќ

Откако пејачката Нина Бадриќ побара од властите да им овозможат на музичарите пак да работат, оти таа и нејзините колеги останале без приходи поради короната, на „Фејсбук“ доби понуда да собира компири на нива. Жена, изреволтирана од Нина, која напиша дека „и музичарите гладуваат“, неа и на уште неколку хрватски ѕвезди им понуди да собираат компири за дневница и така да заработат за живот.

„За неколку дена ќе собираме компири, триесет хектари, околу Бјеловар и ни требаат работници. Дневницата е околу 2.000 денари. Ве молам вас од редакцијата да ја известите дали сака да работи. Може да ги земе и Маја, Северина, модниот мачор и сите оние кои земаа помош од државата. Само кажете ѝ да не доаѓа во оној дизајнерски фустан од 1.500 евра со кој се фалеше пред  неколку месеци, затоа што врнеше деновиве и има многу кал“, стои во коментарот на жената.

Претходно, Бадриќ напиша дека нејзината професија не е шега и дека егзистенцијата на многу луѓе зависи од нејзината работа.

„Многу од нив се гладни заради тоа и едвај крпат крај со крај. Го молам Министерството да се изјасни за проблемот со нас музичарите и да отвори можност, со сите мерки, затоа што здравјето е поважно, да се започне одново со работа“, напиша тогаш хрватската пејачка.

Scroll to Top