Како се распадна групата „Нови фосили“

Поранешниот фронтмен на групата „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ, почина вечра поради последиците од сообраќајна незгода. Музичарот остави зад себе многубројни хитови, а исто така ја имаше освоено и наградта „Порин“ за неговото дело.

„Нови фосили“ беше една од најпопуларните музички групи. Кога групата се распадна во 2014 година, Дујмиќ тоа тешко го поднел.

„Поради сериозната болест на Дујмиќ, решивме да ја прекинеме работата на групата. Познато е дека Рајко веќе триесет години ја води битката со зависност поради која се разделивме во 1991 година кога тој одби да оди на лекување“, соопштија Сања Долежал, Маринко Колнаго и Владимир Кошиќ – Зец во интервју за „24 сата“. Тие повторно се соединија, но несогласувањата меѓу членовите на групата продолжија, па пред неколку години Рајко ги тужеше своите колеги од групата.

„За жал, ние сè уште сме на суд затоа што Рајко Дујмиќ не тужеше за името ‘Нови фосили’. Тој ни забрани да го користиме тоа име“, рече искрено Сања во јануари.

„Жал ми е што сето ова се случи затоа што мислам дека група како ‘Нови фосили’, која годинава слави 50 години постоење, не заслужи таква дамка во своето постоење“, рече во тоа време Долежал додавајќи дека Дујмиќ е генијалец и најдобриот музичар на овие простори.

Кога „Нови фосили“ славеше 50 години постоење пред неколку години, Дујмиќ не присуствуваше на тој настан.

 

„Секако дека не се појавив. Абдицирав. Ова е она што го прават кралевите, тие го напуштаат дворот и ги отпуштаат сите дворјани. Денес, тие не може да го користат името ‘Нови фосили“’. Жал ми е. Не го добив тоа име, но платив за заштита на името уште во времето на Југославија, во Белград. Кога се случија целиот тој метеж во врска со нашиот бенд и прошталната турнеја, им реков: „Еве, не мора да настапувам со вас, но барем дајте ми ги парите“. Знаете, јас сум на возраст кога здравјето чини пари. Не сум болен, но којзнае што носи новиот ден“, рече пејачот текстописец во интервју.

Потсетуваме, Рајко доби сериозни повреди кога изгуби контрола над својот VW Tiguan со регистарски таблички од Загреб во грозоморната несреќа во Стари Лаз, во областа на Равна Гора, минатата среда околу 17.15 часот, и слета во бездна.

Scroll to Top