Без качувања на маси и дишење во врат: На концертот на Аца Лукас се почитуваа мерките

Вечарвечер во Охрид, во Парк голден бич, концерт имаше Аца Лукас, за кој со негодување  се пишуваше и се зборуваше по социјалните мрежи. Ама според каужувањата на присутните, испадна поинаку. Публиката била прилично дисплинирана, немало дишење во врат,  буткање и качување на маси и, што е најважно,се држела дистанца и биле испочитувани мерките за заштита од Ковид-19 .

Иако се очекуваше журка, сепак, концертот на балканската турбо-фолк ѕвезда Аца Лукас поминал пристојно.  Па додека тој пеел на бина гостите седеле на препорачано растојание и немало качување на маси и слично.

За потсетување, тој го откажа најавениот концерт во Охрид, пред еден месец, поради бурните реакции на јавноста дека  концертот ќе прерасне во журка на која нема да се почитуваат здравствените препораки.

Организатор на настанот беше ноќниот клуб Awake, а од каде велат дека имало околу 200 луѓе во публиката и дека биле испочитувани сите препораки.

За потсетување, неодамна во Битола на Хераклеа концерт одржа хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо. Организаторот „Прагма“ заработи кривична пријава од Државниот пазарен инспекторат, поради грубо кршење на препораките од здравствените власти и журкање без дистанца и без заштитни маски.

 

Scroll to Top