Бремена Ана Севиќ ја откажа свадбата

Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ, пејачката Ана Севиќ, ја откажа свадбата со својот свршеник Даниел. Причината за ова е короната и многуте нови заразени во Србија. Ана вели дека иако е бремена, повеќе би сакала детето и гостите што треба да дојдат да бидат безбедни наместо да прави свадба на која некој може да се зарази со Ковид-19.

Српската пејачка вели дека не ѝ пречи да почека.

Документот за брак за мене е апсолутно неважен за среќа затоа што знам од претходното искуство дека тоа, за жал, не значи ништо во денешно време, не го предвидува тоа што порано беше бракот. Сепак, јас и Даниел сакавме да имаме свадба и да славиме со нашите семејства, но ќе почекаме“, рекла таа за „Блиц“.

Ана, која од бракот со Дарко ја има ќерката Лорена, повторно чека девојче.

Scroll to Top