„Брена сама градеше кариера и ја ценам, ама со Цеца не е така“, Здравко Чолиќ со оценки за колешките

Еден од најголемите пејачи на Балканот, Здравко Чолиќ, вели дека ги цени пејачите што сами си го отвориле патот за себе и постигнале успех без ничија помош, а тој верува дека Цеца Ражнатовиќ не спаѓа во таа група на уметници.

Сепак, постои тоа нешто, рече тој. Чолиќ вели дека фолк-пејачката добила голема помош за да ја досигне славата.

На прашањето од водителката што мисли за неговите колешки Драгана Мирковиќ, Лепа Брена и Цеца, пејачот изјави за секоја од нив одделно:

„Драгана Мирковиќ е моја пријателка, таа секогаш се борела сама, го обожавам нејзиното пеење и прашање на денови е кога ќе се појави песна од двајцата. Јас многу ја сакам Лепа Брена, таа е силна жена и жена што има постигнато сè самостојно. Има жени на естрадата што сами си ја туркаат кариерата со свои заслуги, а тоа се Тереза ​​Кесовија, Лепа Брена и Неда Украден. Тие самите издржаа сè и сешто. Цеца е исто така таму, но таа е друга приказна, таа имаше многу помош“, рече Чола иако не сакаше да каже конкретно од кого Цеца добила помош.

Scroll to Top