Чедомир Јовановиќ нападнал адвокат во центарот во кој се лекувал

Чедомир Јовановиќ го нападнал Дејан Дубаиќ, правниот застапник на амбулантата за рехабилитација при центарот за рехабилитација во Нов Белград.

Во саботата Јовановиќ влезе во конфилкт и со сопственикот на таа клиника, Жарко Иванковиќ, пренесуваат српските медиуми.

Јовановиќ го нападнал адвокатот Дубаиќ и му ги скршил очилата пред центарот за рехабилитација. На самото место се наоѓа полицијата, а истрагата е во тек.

Дубаиќ претходно соопштил дека во текот на ноќта непознати лица се обиделе да провалат во оваа институција.

Ноќеска имало обид за насилен влез во центарот. Некој насилно се обидел да ја отвори истата онаа врата пред која во саботата околу 16.50 часот поранешниот народен пратеник Чедомир Јовановиќ му нанел телесни повреди на сопственикот Жарко Ивковиќ.

„Чедомир го нападнал со рекет за тенис и му нанел многу повреди  на главата, рацете и на грбот. Крвавењето на раката беше запрено со неколку конци, а раката му беше имобилизирана. Засега тој нема да биде способен за работа две недели“, соопштил претходно адвокатот Дејан Дубаиќ.

Scroll to Top